Полицијата најде куп лекови во домот на пејачот Арон Картер, причината за смртта сè уште не е позната

Полицијата најде куп лекови во домот на пејачот Арон Картер, причината за смртта сè уште не е позната

пред 4 години

Полицијата откри куп лекови и компримиран воздух во домот на американскиот пејач Арон Картер кој беше најден мртов во саботата. Засега од таму велат дека причината за неговата смрт е нпозната. Кај него нашле шишиња таблети и лекови кои се издаваат на рецепт. Пронашле и компримиран воздух кој може да предизвика трајно оштетување на мозокот, но и да доведе до напади, кома, срцев удар, гушење па и смрт.

dobivaj vesti na viber

Уште не знаат од што починал, но полицијата рече дека кога го нашле во кадата, се чувствувал мирис на распаѓање, а водата во која лежел немала природна боја, што може да значи дека телото да било таму подолго време. Немало траги од насилство, а дека имал проблем со зависноста и менталното здравје, било познато.

За потсетување, Арон се прослави на крајот од 90-те години уште на само 9 годишна возраст. Тогаш издал дебитански албум кој го нарекол по себе си. Вториот албум Aarons Party доживеа поголем успех од првиот. Картер беше познат и по брат му Ник, еден од членовите од легендарната група „Бекстрит бојс“.

Share
Scroll to Top