Пол Вајбро слугата кој и беше верен 44 години на кралицата поради работата никогаш не се ожени

Пол Вајбро слугата кој и беше верен 44 години на кралицата поради работата никогаш не се ожени

пред 2 години

Пол Вајбро, попознат како Високиот Пол, работел како слуга на кралицата Елизабета Втора. Тој е еден од ретките кој го знае секој детал од нејзиниот живот.

dobivaj vesti na viber

Роден е во 1959 година, а за кралицата работеше од 19-годишна возраст. Тој прв одговорал на секој телефонски повик што и бил упатен и ги договорил сите нејзини интервјуа. Минатата година тој стана член на персоналот на кралицата со најдолг стаж во Бакингемската палата. За неговата служба беше награден со сребрен и златен медал

Во 2006 година, кралицата Елизабета одлучи да се пресели во замокот Виндзор. Го замолила и него да се пресели бидејќи само така се чувствувала безбедно. Таа му дозволила да ги искористи нејзините пари за да го реновира замокот по негов вкус.

Блиските пријатели на Пол изјавиле дека тој никогаш не се оженил поради неговата посветеност на работата. Тој е, една од најинтригантните личности во британската историја.

“Тој знаеше дека може да најде работа во приватниот сектор и да почне да заработува повеќе, но никогаш не му паѓаше на памет да го стори тоа. Веруваше дека припаѓа на кралицата се додека таа го сака. Таа му веруваше безусловно. Тој знае сè за нејзините тајни и никогаш никому нема да ги открие“, изјавил неговиот пријател за Дејли Меил.

Пол беше присутен и во погребната поворка на кралицата.

“Човекот на чело на поворката се вика Пол Вајбро. Тој беше со кралицата 44 години. Нејзин слуга и придружник”, напишал еден корисник на Твитер.

Share
Scroll to Top