„Поминаа само неколку часа од нашето последно дружење“, Лепа Брена се прости од Милан Бандиќ

„Поминаа само неколку часа од нашето последно дружење“, Лепа Брена се прости од Милан Бандиќ

пред 3 години

Пејачката Лепа Брена се прости од градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, кој во саботата почина од срцев удар. Таа објави нивна заедничка фотографија и напиша дека и било огромна чест и задоволство што се познавале и се дружеле заедно.

„Вие бевте единствени и ја поседувавте таа величина. Секогаш учевме многу од вас. За жал, поминаа само неколку часа од нашето последно дружење и од твојот говор што засекогаш ќе го паметиме за пријателството, љубовта, почитта и семејството. Почивај во мир, нека ти е вечна слава. Брена и Боб“, напиша Брена.

Погребот на Бандиќ ќе се одржи во среда.

Share
Scroll to Top