„Поминував низ пекол“ - Хамилтон прозборе за короната и последиците кои сè уште ги чувствува

„Поминував низ пекол“ – Хамилтон прозборе за короната и последиците кои сè уште ги чувствува

пред 4 години

Актуелниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон, прозборе за короната и последиците кои сè уште ги ги чувствува од вирусот. Британецот кој неодамна го прележа ковид 19 призна дека изгубил многу килограм и дека животот му се претворил во пекол. .

„Изгубв шест килограми во последните два месеци, четири откако добив корона. Изгубив многу од мојата мускулатура. Сега почнувам од почеток. Не ми е забавно, но одлучен сум во намерата да се вратам во старата форма“, изјавил Хамилтон, кој дополни дека е среќен што е жив.

Тој откри дека бил целосно уништен и дека на моменти му било многу тешко.

„Ковидот не е шега. Никогаш не ни помислив дека е. Знаев дека во еден момент ќе биде тешко, затоа што луѓето умираат од оваа болест. Знаев дека е сериозно. Мислам дека е многу чудно што гледаме како светските лидери се смеат, како да тоа не е ништо“, изјавил Хамилтон.

Share
Scroll to Top