Популарниот британски комичар Били Коноли боледува од Паркинсонова болест

Популарниот британски комичар Били Коноли боледува од Паркинсонова болест

пред 3 години

Познатиот британски комичар Били Коноли се бори со Паркинсонова болест, пренесуваат светските медиуми. Неговиот последен настап се случи во 2017 година, а веќе во 2018 најави дека ќе се пензионира.

Во документарниот филм The Big Yin, Били се осврнал на неговите најтешки моменти во животот и борбата со Паркинсоновата болест.

„Во времето кога најавив дека ќе се повлечам, јавноста веќе можеше да забележи дека човекот кој се појавува на телевизија не е стариот Били. Тоа не беше ниту мојот говор ниту моите движења. Бев принуден да се повлечам, а мислам дека болеста ќе ме докрајчи“, вели Били.

Покрај Паркинсоновата болест, актерот во 2014 година открил и дека боледува од рак на простатата.

„Лекарот ме смируваше, велејќи ми дека нема да умрам. Му одговорив дека не ни планирам да умирам“, се пошегувал актерот, кој откри дека во меѓувреме, бил успешно опериран од ракот, но сè уште се бори против Паркинсонова болест.

Share
Scroll to Top