Инфлуенсерот Ендру Тате објави видео во кое тврди дека го отруле и дека неговата здравствена состојба наеднаш била влошена. Тој се сними себе си и им покажа на фановите делови од неговото тело како реагирале наводно по неговото труење.
„Лицето ми е потечено. Имам висок крвен притисок, а кожата ми гори. Не можам да дишам. Имам некаква реакција или труење“, рече Тате.
Многу од фановите коментираа дека сигурно е во прашање некакво труење, затоа што тој не е алергичар и дека вакви работи никогаш му се немаат случено.
Тате само неколку часа подоцна го избриша видеото и објасни дека морал да го направи тоа, затоа што ако им ја кажел вистината, повторно ќе го сместеле во затвор.
Andrew Tate Poisoned by The Matrix pic.twitter.com/na6EEqNGLK
— Wudan Based (@cobrashaman22) April 27, 2023
Дел од неговите фанови почнаа да шпекулираат и да шират разни теории на заговор. Андре потоа објави плакат од филмот со Стивен Сегал и филмот Hard to Kill, па некои од нив веруваат дека на овој начин сакал да им покаже дека не му можат ништо.
За потсетување, Тате и неговиот брат Тристан беа пуштени во домашен притвор. Со нив од затвор излегоа и нивните двајца соработници, Георгина Најџел и Луана Раду.
Четворицата беа уапсени минатата година под обвинение дека основале криминална група која сексуално искористила шест жени. Истражителите тврдат дека Тате и брат му, заедно со двете Романки, ги присилувале жените да снимаат домашни видеа, кои потоа ги објавувале на Тик Ток страната OnlyFans.
Против нив сè уште не е подигнато никакво обвинение.