Поранешен тапанар на „Ганс ен роузис“ на 60 години првпат ќе стане татко

Поранешен тапанар на „Ганс ен роузис“ на 60 години првпат ќе стане татко

пред 4 години

Мaт Сорум, поранешниот тапанар на „Ганс ен роузис“, на 60 години првпат ќе стане татко. Музичарот и неговата 24-години помладата сопруга, Ејс Харпер, ќе добијат ќерка по осум години брак.

„Од сите прекрасни авантури низ кои сме поминале во животот, ништо не може да се спореди со среќата што конечно можеме да создадеме свое семејство“, рекоа тие за „Пипл“.

Сорум беше со популарниот бенд од 1990 до 1997 година, а настапуваше и со „Стоун темпл пајлотс“ и „Велвет револвер“ со кои освои Греми за најдобра хард рок изведба во 2005 година.