Поранешен фудбалер пронајден мртов покрај стадион

Поранешен фудбалер пронајден мртов покрај стадион

пред 5 години

Поранешниот фудбалер и тренер Александар Миличиќ, бил пронајден мртов покрај стадионот во родниот Шабац. Неговото безживотно тело било најдено пред неколку дена. Тој имал 75 години, пренесуваат тамошните медиуми.

Александар исчезнал пред неколку дена и веднаш била почнала потрага по него. Неговата снаа Ана објави за неговото исчезнување и ги замоли сите кои го виделе, да го известат семејството.

„Излезе утрото по полноќ и досега не се врати. Ве молам ако го видите, да ме известите и споделете го овој пост да го видат повеќе луѓе“, напишаа таа, која дополни дека Александар бил болен и дека пател од деменција, која за жал била во напредна фаза.

Александар бил пронајден по неколку дена потрага. Неговото тело било најдено цело замрзнато покрај стадионот. Што точно се случило засега не е познато.

Тој за Слобода Тузла одигра 475 натпревари, а беше дел и од генерацијата која во 1977 година го освои 3. место и со тоа обезбеди настап во Купот на победници на куповите.

 Од поранешниот фудбалер и трнер се простуваат бројни негови обожаватели и пријатели.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top