Поранешната НБА-ѕвезда, Џон Стоктон, бил избркан од сала затоа што одбил да стави маска

Поранешната НБА-ѕвезда, Џон Стоктон, бил избркан од сала затоа што одбил да стави маска

пред 3 години

Поранешната НБА-ѕвезда и играч на Јута Џез, Џон Стоктон, бил избркан од салата за време на еден натпревар затоа што одбил да стави заштитна маска на лицето.

Тој присутвувал на еден натпревар на универзитетскиот тим Гонзаге, тим за кој и самиот тој играше во 80-тите години на минатиот век. Но, морал да си замине откога бил предупреден да ја стави маската на лицето. Стоктон има претплатен билет за сите тимски спортови на овој Универзитет. Од таму, пак, изјавија дека поради неговиот потег, претплатниот билет му бил суспендирана.

„Побараа од мене да ја ставам маската за време на натпреварот и да дадам пример затоа што сум бил јавна личност. Но, јас мислам дека ова прашање треба да се разгледа во детали и на крајот јас треба да бидам тој што ќе одлучи што ќе прави. Во моментот односите се напнати и се чини дека се наоѓаме во некаков ќор-сокак, но сигурен сум дека на крајот ќе се изнајде некакво решение“, рече Стоктон.

Ова не е првпат Стоктон да се најде на насловните страници во весниците кога е во прашање борбата против короната. Медиумите претходно наголемо пишуваа за неговата изјава за вакцините.

„Верувам дека околу 150 професионални спортисти умреа како последица на вакцината“, рече претходно Стоктон.

 

Share
Scroll to Top