Поранешната обвинителка на СЈО Ленче Ристоска е бремена со близнаци

Поранешната обвинителка на СЈО Ленче Ристоска е бремена со близнаци

пред 3 години

Поранешната обвинителка од СЈО Ленче Ристовска е бремена со близнаци. Убавата вест ја сподели новинарката и нејзина пријателка Сашка Цветковска, која објави нивна фотографија и напиша дека на сликата се четворица.

dobivaj vesti na viber

„Не само пријател, туку инспирација. Еден ден се надевам дека општеството ќе го цени тоа што таа ни го даде со својата храброст, интегритет, светлина и убавина. И ќе ѝ дозволи да направи повеќе и вистински да придонесе во глобалната борба за правда и еднаквост. Милостивата храбра суперпаметна Ленче која прави сите да се чувствуваме мали. Меѓу неколкуте најдобри во Македонија. П.с. ние четворицата“, напиша Цветковска.

Share
Scroll to Top