Поранешниот водител Гоце Андреевски стана татко, ќерката Јована најголема радост

Поранешниот водител Гоце Андреевски стана татко, ќерката Јована најголема радост

пред 3 години

Поранешниот водител и сегашен портпарол на МВР Гоце Андреевски стана татко. Тој и неговата сопруга Даниела ја добија ќерката Јована. Гоце и Даниела ја чуваа бременоста во тајност, па јавноста се изненади кога некогашниот водител откри дека има бебе.

„Добре дојде наше мало девојче“, објави слика тој на инстаграм-стори.

За потсетување, Гоце и Даниела се свршија во Охрид во 2020 година, а се венчаа лани во август. Гоце е познат по тоа што не открива многу за приватниот живот, но во по свршувачката често споделуваше слики со Даниела.

Додека работеше во телевизија, Гоце ја водеше емисијата „Црвена линија“, но во јавноста е најпознат како Гоце од „Утринска на Телма“, емисија која ја водеше четири години со Цеце Трајковска, Марко Марк и Елена Митева. Тој во „Телма“ работеше неколку години, а ги водеше и емисиите поврзани со ракометните првенства до моментот кога не стана портпарол на Министерството за внатрешни работи. Претходно, работеше и како водител во „Алфа“.

Share
Scroll to Top