Посна сарма со праз - Reporter.mk

Посна сарма со праз – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

1 главица кисела зелка
400 гр. ориз
4 страка праз
црн пипер
бибер
сол или вегета

Начин на подготовка:

Одвојте ја зелката лист по лист. Исечете го ситнo празот и добрo испржете го на маслотo. Потоа дoдајте го црвениот пипер и оризот. Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го биберот и посолете по вкус. Свиткајте ги сармите и наредете ги во тава за печење, во која најдолу сте ставиле парчиња зелка. Преку сармите, исто така, ставете листови зелка. Прелијте ги сармите со топла вода и малку расолница и варете ги на тивок оган. Потоа ставете ги во загреана рерна и печете додека не испари водата.

Share
Scroll to Top