Поцрн е од костумот кој го носи, шпанска водителка со расистички коментар го навреди новиот играч на Реал Мадрид

Поцрн е од костумот кој го носи, шпанска водителка со расистички коментар го навреди новиот играч на Реал Мадрид

пред 3 години

Телевизиската куќа РТВЕ, се извини поради коментарот на водителката Лорена Гонзалес, која направи гаф за време на промоцијата на новото засилување на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, кога рече дека бил поцрн од костумот кој го носел.

Лорена не знаела дека микрофонот е пуштен, па нејзиниот расистички коментар го слушнаа сите.

„Овој дечко е поцрн од костумот кој го носи“, упати кометар за кој подоцна мораше и јавно да се извини.

За потсетување, Едуардо е новото засилување на кралскиот клуб кој пристигна од Рен, а од клубот денеска и официјално го претставија. Тој пристигна на Сантијаго Бернабе, откако шпанскиот клуб не успеа да го донесе играчот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Share
Scroll to Top