Почина Амди Бајрам

пред 3 години

Лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, почина на 64-годишна возраст, јавуваат медиумите на ромски јазик. Долгогодишниот политичар веќе бил починат кога бил донесен во клиниката Филип Втори поради проблеми со срцето. На Бајрам посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид 19, за што му е земен брис.

Поранешниот пратеник неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста откако организираше свадба со 600 гости за својата внука во Турција. Тој претходно ја откажа истата поради коронавирусот во Македонија.

Share
Scroll to Top