Ѕвездата од серијата на „Нетфилкс“, „Како да го уништите Божиќ“, Буси Лорај почина на 37 години. Причината за смртта е непозната, а се чекаат резултатите од обдукцијата.
„Со голема тага ве известуваме дека почина нашата драга Буси Лорај. Таа почина изненадно во нејзиниот дом, а смртта медицинскиот персонал ја утврди во неделата. Засега причината е непозната. Се чекаат резултатите од обдукцијата“, напишаа од агенцијата Eye Media Artists.
Буси во серијата ја глумеше Туми Село. Првата сезона е објавена во 2020 година, а втората на крајот на минатата година. За оваа улога освои и награда САФТА Златен рог за најдобра глумица во телевизиска комедија.