Американскиот актер Мичел Рајан почина на 88-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговата ќерка Денис Фред, која рече дека тој починал од прекин на срцето во неговиот дом во Лос Анџелес. Тој беше познат по улогите во филмот „Смртоносно оружје“ и серијата „Санта Барбара“.
Во „Смртоносно оружје“ се прослави во улогата на негативец, генералот Питер Мекалистер, а потоа во „Санта Барбара“ глумеше немилосрден бизнисмен. Исто така познат е и по улогите во сапунициата „Темни сенки“ и ситкомот од 1990-тите „Dharma and Greg“,пренесе Daily Mail.
„Среќен сум што во 30 години како трезен успеав да имам работен актерски живот на кој можам да се гордеам. И јас како и многу други имав реален живот. На крајот ми рекоа дека од сето тоа излегов како добро и корисно човечко суштество“, рече Рајан.
Тој има настапувано и во театар, вклучувајќи ги и настапите на Бродвеј во „Wait Deri Dark“, „Medea“ и „The Price“. За потсетување, Мичел е роден на 11 јануари 1934 година во Синсинати, а израснал во Луисвил. Неговата мајка била писателка, а татко му продавач.