Почина Вилијам Шекспир, првиот маж кој прими вакцина против корона

Почина Вилијам Шекспир, првиот маж кој прими вакцина против корона

пред 3 години

Вилијам Шекспир, првиот маж во светот што ја прими вакцината против коронавирус, почина во болница на 81 година. Тој беше втор човек што се вакцинираше против корона, лани во декември, веднаш по Маргарет Кен.

Вилијам починал по кратко боледување во истата болница каде ја прими вакцината, пишува „Дејли меил“.

„Тој беше голем љубител на фотографијата, обожаваше џез и дружења, а ја сакаше и природата. Бил ќе остане запаметен по многу работи, особено по добрата смисла за хумор. Зад себе ги остави сопругата Џој, и двајца синови, Вилијам и Џулијан“, се вели во соопштението на семејството.

Share
Scroll to Top