Почина гитаристот Хилтон Валентајн, автор на еден од најславните рифови во рок-музиката

Почина гитаристот Хилтон Валентајн, автор на еден од најславните рифови во рок-музиката

пред 3 години

Гитаристот на „Енималс“, Хилтон Валентајн, почина на 77 години. Тој го создаде еден од најпознатите рифови во рок-музиката, од песната The House of the Rising Sun.

Оваа песна се најде на првото место на британската и американската топ листа во 1964 година. Валентајн го направи славниот вовед во песната, која првично била одбиена како сингл, зашто нивниот продуцент сметал дека е предолга со своите четири и пол минути. Но, оваа песна ѝ обезбеди на групата место во рок историјата.

Валентајн беше еден од основачите на „Енималс“ во 1963, а си замина од групата три години подоцна откако се растури оригиналната постава. Потоа почна соло кариера и во наредните децении неколкупати повторно свиреше заедно со членовите на бендот.

Share
Scroll to Top