Почина глумецот од „Терминатор“ Ерл Боен

Почина глумецот од „Терминатор“ Ерл Боен

пред 2 години





Американскиот глумец Ерл Боен, познат по улогата во „Терминатор“ почина на 81 година. Веста ја потврди семејството и рекоа дека починал во четвртокот на Хаваи. Засега причините за смртта не се познати, пренесе TMZ.

Ерл во „Терминатор“ ја имаше улогата на доктор Питер Силберман, а глумеше и во Battle Beyond The Stars, The Man with Twi Brains и Alien Nation. Се појави и во филмовите „Гол пиштол“, „Последната навреда“ во 1994 година и „Лош професор II: Клампс“ во 2000 година.

Зад себе ја остави сопругата Кети, а неговата прва сопруга Керол почина во 2001 година.

 





Share
Scroll to Top