Почина глумецот Тихомир Тика Арсиќ

Почина глумецот Тихомир Тика Арсиќ

пред 3 години

Глумецот Тихомир Тика Арсиќ почина денеска на 64. годишна возраст. Од Народниот театар ја потврдија тажната вест. Тихомир боледуваше од рак на панкреасот, за кој неодамна раскажа дека го открил сосема случајно, додека се подготвувал за една филмска улога.

„Во мај минатата година, се подготвував за филмска улога на човек кој умира од рак. Пет месеци се подготвував за тој лик. Првиот пат влегов во вежбална и тренирав бокс. Почетокот на снимањето кое требаше да трае два месеци, беше многу напорно, па морав да отида на лекар за детален преглед“, раскажал Арсиќ за медиумите.

Тој вели дека 20 години не играл таква голема улога на филм, па помислил дека треба да се осигура дека е добро и дека нема да мора да прави пауза.

„Направив неколку скенери и магнетна резонанција. Бев здрав и не чувствував никакви тешкотии. Но, тогаш случајно дознав дека имам рак на панкреасот“, раскажал глумецот и додал дека ракот бил во почетна фаза, но тогаш решил да не го одложува лечењето.

„Бев опериран за шест дена. Кога од операционата сала ме однесоа на интезивна нега, бев во бунило од анестезијата. Мојата сопруга Јелена беше покрај мене. Прво што и кажав беше дека нема да биде ништо од филмот. За жал филмот не го снимив, но за среќа го сними еден одличен глумец“, изјавил Арсиќ.

 

Share
Scroll to Top