Почина легендарната холивудска актерка Џејн Витерс

Почина легендарната холивудска актерка Џејн Витерс

пред 3 години

Во саботата на 95-годишна возраст почина познатата холивудска актерка Џејн Витерс во Бурбанк, а причината за смртта сè уште не е позната. 

„Мајка ми беше толку посебна дама. Со својата смеа ја осветли собата, а особено зрачеше со радост и благодарност, зборувајќи за кариерата што толку многу ја сакаше“, се наведува во објавата на нејзината ќерка, Кендал Ејр.

Витерс беше родена во Атланта, а порасна во Холивуд каде се занимаваше со актерство и водителство на детски радио емиси. Таму се здоби со огромна популарност играјќи ја безобразната Џои Смит, наспроти ангелскиот сирак Сирли Темпл во филмот „Светли очи“ на Дејвид Батлер од 1934 година. За кратко време стана една од најпопуларните детски sвезди во Холивуд во 1930-тите и раните 1940-ти, со нејзините филмови кои беа рангирани во првите десет на сите топ листи во 1937 и 1938 година. 

Таа беше последната голема ѕвезда од златната доба на Холивуд во 1930-тите.

 

Share
Scroll to Top