Почина пејачот Џеј Рамадановски

пред 3 години

Пејачот Џеј Рамадановски почина попладнево на 56 години. Според српските медиуми, на Џеј престанало да му работи срцето, а лекарите го реанимирале, но не успеале да го спасат.

Пред три години популарниот пејач имаше операција на срцето во Виена, по што изјавуваше дека лекарите му забраниле да пие. Неодамна тој изјави дека заради короната е во строг карантин и не се гледа со никого, бидејќи се плаши дека ако се зарази со ковид-19, може да умре.

Share
Scroll to Top