Почина продуцент на Нетфликс, колегата го отрул со чај

Почина продуцент на Нетфликс, колегата го отрул со чај

пред 3 години

Kинескиот милионер Лин Ки, кој е продуцент на серијата The Three-Body Problem на Нетфликс, почина на 39 години. Тој бил и претседател на кинеската компанија „Јоузо груп“ и наводно бил отруен од негов соработник.

„Ки беше итно пренесен во болница пред неколку дена под сомнение за обид за убиство. Вчера неговата состојба беше стабилна, но денес, за жал, почина. Се претпоставува дека е отруен и дека отровот бил во шолја чај што му ја дал соработник“, пренесуваат британските медиуми.

Лоокалната полиција објави дека осомничен е човек со презиме Ксу и потврди дека тој е притворен, но нема да го открива целото негово име додека трае истрагата.

Share
Scroll to Top