Почина раперот кој глумеше со Еминем во „Осум милји“

Почина раперот кој глумеше со Еминем во „Осум милји“

пред 8 месеци

Раперот Нашон Бридлав, познат по улогата во филмот „8 милји“, почина на 47-години. Почина во неделата во неговиот дом во Њу Џерси, а веста ја потврди мајка му. Неговиот пријател, раперот Мики Факц се прости од него на социјалните мрежи.

„Почивај во мир, еден од ретките кој го победи Еминем. Неговите пријатели со приврзаност го нарекуваа ОКС. Ќе ни недостига поради неговата упорност и агресивност“, напиша Мики.

„Заминувањето на Нашон остави огромна празнина во мојот живот, таква каква што не можам да ја опишам. Не можам да опишам колку болка чувствувам. Тој не беше само мој син, беше неверојатен човек чиј карактер и сила ги инспирираа сите оние кои го запознаа“, реча мајка му.

Нешаун го играше Лот во филмот и е запаметен по неговата рап битка со Еминем. Беше дел од групата Лидери на слободниот свет, а зауби во битката против ликот на Еминем.

Работеше и на комедијата The Wash, каде што се појави на саундтракот, со раперите Др. Дре и Снуп Дог. Се појави и во песната Don’t Talk Sh*t под името Ox.

Share
Scroll to Top