Ричард Донер, режисерот на хит филмовите „Супермен“ и „Смртоносно оружје“, почина на 92 години. Веста за смртта на Донер ја потврди неговото семејство.
Донер имаше богата кариера како режисер и продуцент, особено во 1970-те и ’80-те. Тој го режираше „Супермен“ со Кристофер Рив, прв филм со суперхерои, во време кога популарноста на филмовите со стрип-ликови сè уште не голема кај публиката. „Супермен“ (1978 година), имаше огромен комерцијален успех и стана филм со најголема заработка во Северна Америка таа година, 300 милиони долари. Филмот беше номиниран за четири Оскари и доби Оскар за најдобри визуелни ефекти.
Донер подоцна формираше продуцентска куќа со неговата сопруга Лорен Шулер Донер, која ги продуцираше „Икс-мен“ и „Ослободете го Вили“.