Почина Сашо Пижевски - Пиже од култните „Хавана бенд, скопски урбан лик кој секогаш беше дел од градскиот живот

Почина Сашо Пижевски – Пиже од култните „Хавана бенд, скопски урбан лик кој секогаш беше дел од градскиот живот

пред 3 години

Денеска во Скопје на 57 години ненадејно почина Сажо Пижевски – Пиже, поранешен член на култниот „Хавана бенд“ и скопски урбан лик. Пиже ќе остане запаметен по хитовите „Шток ми бејби“, „Дај ми, жити сè“, „Нема спас“, кои ги изведуваше заедно со Игор Џамбазов и Горан Атанасов – Зеко.

Пиже е роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, а потоа се преселил во Влае, каде што живееше и сега. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-те години до денес. По распаѓањето на „Хавана бенд“, се посвети на угостителскиот бизнис, а повремено, како гостин, учествуваше во неколку музички проекти.

Изминативе години тој беше сопственик на порталот „Мајка ти и татко ти“, но во последно време беше актуелен со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, кој го направи во соработка со Александар Митевски.

Пријателите и јавните личности со неверување се простуваат од Пиже, кој пред само неколку часа објави фотографија на Фејсбук и се потсети на кафанска седенка во ’80-те со Зеко. Меѓу првите што се простија од Пиже беше неговиот долгогодишен другар, актерот Игор Џамбазов.

„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не им се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го.Тага. Збогум брате,“ напиша Џамбазов.

Share
Scroll to Top