По долго боледување, денес во Германија почина фолк пејачот Васил Атаносов. Тажната вест ја објави неговата сестра Ленка, која напиша дека Васил пред една година се разболел поради семејни проблеми, а од стрес тој завршил во болница каде бил опериран.
Набрзо потоа се шлогирал и останал неподвижен.
Васил имаше испеано многу песни, а една од најпознатите му беше „Проклет да е кој не раздели“. Неговите колеги се простуваат од него.