Почина Чарли Вотс, легендарниот тапанар на „Ролинг Стоунс“

Почина Чарли Вотс, легендарниот тапанар на „Ролинг Стоунс“

пред 3 години

Легендарниот тапанар на „Ролинг Стоунс“, Чарли Вотс, почина денес на 80 годишна возраст. Веста ја соопшти неговиот публицист, Бернард Доерти. Тој рече дека Вотс починал во мир во болница во Лондон, во кругот на неговото семејство.

„Чарли беше љубен сопруг, татко и дедо, и како член на „Ролинг стоунс“ еден од највеличествените тапанари во неговата генерација“, рече Доерти.

Вотс пред неколку недели го откажа учеството на турнејата во САД, поради здравствените проблеми. Тој во 2004 година се лекуваше од рак на грлото. Тој им се придружи на Мик Џегер, Кит Ричардс и Брајан Џонс во „Ролинг стоунс“ во 1963 година.

Важеше за еден од најмалку харизматичните типови во бендот: Не ја сакаше премногу славата и ретко даваше интервјуа. Ќе остане запаметен по неговата славна изјава дека неговиот живот со Стоунси бил 5 години свирење и 20 години дружба.

Често ги одбиваше девојките и до крајот и остана верен на сопругата Ширли со која се венчаше во 1964 година. На средината во осумдесетите години и се предаде на дрогата и алкохолот и стана зависен на хероин. За среќа Ширли му помогна да ги преживее најтешките две години од животот.

Тој важеше за секогаш среден и дотеран човек, а едно време се најде и на врвот на светските листи за најдобро облечен маж.

 

Share
Scroll to Top