Почнува летното сметање на времето: Стрелките на часовникот одат еден час напред

Почнува летното сметање на времето: Стрелките на часовникот одат еден час напред

пред 4 години

Викендов кој ни следува, не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот, бидејќи започнува летното сметање на времето. Во недела, на 28 март во 2 часот наутро, часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.

Летното сметање ќе заврши на 31 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.

Европскиот парламент уште пред 2 години го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Ова ќе стапи на сила оваа година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето. Тоа значи дека за некои земји кои планираат да останат на летно сметање на времето, ова ќе биде последното поместување на стрелките на часовникот.

Она што е добро во летното сметање на времето е што денот трае подолго. Веќе може да се забележи дека се стемнува околу 18 часот, што значи дека пред крајот на месецот, вечерта ќе ни доаѓа некаде по 19 часот а во летните месеци, сонце ќе има и по 20 часот.

Share
Scroll to Top