По венчавката во Охрид, НБА-кошаркарот Џеди Осман и актерката Ебру Шахин направија голема свадба во Турција

По венчавката во Охрид, НБА-кошаркарот Џеди Осман и актерката Ебру Шахин направија голема свадба во Турција

пред 2 години

Откако НБА-кошаркарот Џеди Одман и турската актерка Ебру Шахан минатиот викенд се венчаа на брод во Охрид, вчера направија голема свадба во Чешме, Турција. На свадбата имаше многу нивни пријатели и роднини, а дојдоа и неколку гости од Македонија. Ебру, која на венчавката носеше краток фустан со шешир, овој пат избра долга венчаница со вел, а кошаркарот на Кливленд Кавалирс беше облечен во бело палто и црни панталони.

dobivaj vesti na viber

Осман и Ебру се венчаа во Охрид за кошаркарот да им ја исполни желбата на своите родители. Тој своето детство го поминал во Охрид бидејќи таму е роден. Татко му е Турчин, а мајка му Србинка од Нови Пазар. Забавата беше на брод и тие два часа пловеа низ Охридското Езеро. Пред да се качат на бродот, на градското пристаниште дојдоа охриѓани да ги поздрават, а на бродот се свиреше чочек.

Ебру се прослави со улогата во познатата турска серија „Невозможна љубов“, каде што го толкува ликот на Рејан Шадоглу. Лани додека се снимаше серијата таа ја почна и врската со Осман. Кошаркарот ја побара за сопруга во Кападокија по една година љубов.

Share
Scroll to Top