По Кание Вест и актерот Вил Смит размислува да се кандидира за претседател на САД

пред 4 години

Холивудскиот актер, Вил Смит рекол дека размислува да се кандидира за претседател на САД, во некој период од својот живот.

Иако изгради светска кариера, Смит сака да направи пресврт кон политиката, како што тоа го направи раперот Кание Вест во 2020-та година, објавија американските медиуми.

Во гостувањето во подкастот на режисерот Џон Фавро, актерот зборувал за многу работи, вклучувајќи го и неговиот сон да се кандидира за американски претседател, во иднина.

„Ќе почекам прво да се расчисти теренот, па потоа ќе почнам да ја планирам кандидатурата“, рекол Смит.

Додал дека има силен став, дека е оптимист полн со надеж, дека има разбирање за луѓето и верува во хармонија.

„Настојувам да направам сè што е во моја моќ, без разлика дали како уметник, или на политичката сцена“, изјавил Вил.

Share
Scroll to Top