По пет години брак се разведе Алекса Перовиќ, миленикот од Х-фактор

По пет години брак се разведе Алекса Перовиќ, миленикот од Х-фактор

пред 2 години

Српскиот пејач Алекса Перовиќ, кој на 17 години се прослави во регионалното музичко шоу Х-фактор, се разведува по пет години брак. Тој и неговата жена Милица со заедничка објава на Инстаграм открија дека веќе некое време се повеќе пријатели од сопружници, па така ќе продолжат и во иднина. Тие имаат две ќерки.

„Размислувавме дали воопшто е неопходно вакво нешто да објавиме на Инстаграм. Климнавме и двајцата со главите и рековме дека сепак ова ни се чини како исправна работа. Нашето семејство во последните 8 месеци има поинаква динамика. Веќе не сме маж – жена пар, туку партнери – пријатели пар. Велат дека тагата има 5 фази. Ние дојдовме до 5-тата, кога прифативме дека како пријатели сме посреќни. Верувале или не – нема зла крв, каење, вртење глава. Има заеднички ручеци, кафе, прославување празници и пораки кога нешто е навистина важно, смешно, тажно или тргнало на лошо. До ова не дојдовме преку ноќ, патот беше посипан со стакло, но навистина многу сакавме да стигнеме до таму каде што сме денес. Овој пријателски корен е длабоко во нас. Нашиот психолог вели дека е горд на нас, а да бидеме искрени – и ние сме. Нашиот брак не настана од импулс, настана од љубов, која го промени својот облик. А ние и понатаму ја живееме. Ако некој праша – одново би направиле сè исто,“ пишуваат тие на Инстаграм.

Алекса се натпреваруваше во Х-фактор истата година со Даниел Кајмакоски и важеше за еден од милениците и на публиката и на жирито. Брзо по завршувањето на шоуто се ожени и стана татко. Со музика се занимава и понатаму, но до сега не снимил песна која станала хит.

 

Share
Scroll to Top