По Скандинавија „Зоки Поки“ ќе се прикажува и во Србија , и покрај успехот нема најва за втора сезона

По Скандинавија „Зоки Поки“ ќе се прикажува и во Србија , и покрај успехот нема најва за втора сезона

пред 3 години

Македонската ТВ-серија за деца „Зоки Поки“ ќе се прикажува на Балканот. Десетте епизоди од првата сезона ќе се емитуваат на националната телевизија во Србија, „РТС“.

„Зоки Поки“ премиерно се емитуваше на првата програма на нашиот јавен сервис „МРТВ“ во периодот од мај до јуни 2020 година. Скоро, беше најавено емитувањето на серијата и низ цела Скандинавија, односно на националните телевизии „SVT“ во Шведска, „NRK“ во Норвешка, „DR“ во Данска и „YLE“ во Финска.

Емитувањето на овие значајни национални телевизии во Скандинавија и Србија е достигнување кое е од големо значење за македонската кинематографија. Но, и покрај големиот меѓународен успех, снимањето на втората сезона е сѐ уште во неизвесност.

Модерната екранизација на популарната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на Кино Око.

Главните улоги во серијата ги толкуваат Матеј Настевски (Зоки), Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки). Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, во улогата на неговата баба.

Режисери на серијата се Александар Поповски, Марија Апчевска.

Share
Scroll to Top