Кремав чоколаден десерт - Reporter.mk

Кремав чоколаден десерт – Reporter.mk

пред 3 години

Состојки:

  • 2 јајца
  • 130 гр шеќер
  • 70 гр масло
  • 170 гр брашно
  • 40 гр какао
  • еден прашок за печиво
  • 3 гр сода бикарбона
  • 130 мл зовриена вода
  • калап за торта со пречник од 18 см

За глазура:

  • 30 гр путер
  • 50 мл млеко
  • 80 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот, па додадете ги маслото, брашното, какаото, прашокот за печиво и сода бикарбоната. Продолжете да матите сè додека не добиете хомогена смеса. На крајот додадете и 130 мл зовриена вода, измешајте и истурете ја смесата во калапот за печење.

Рерната загрејте ја на 180 степени и печете помеѓу 45 и 50 минути. Кога ќе се испече, извадете ја тортата од калапот и отсечете го врвот. Од деловите на кората што ги исековте направете декорација.

Подготовка на глазурата:

Во помал сад ставете путер и млеко и истопете ги на среден оган, а потоа додадете и парчиња чоколади. Кога сè ќе се истопи, глазурата е спремна.

Со глазурата прелијте ја кората, а горниот дел од кората, која претходно ја исековте, сомелете ја во сечко и со неа украсете ја тортата.

Во видеото подолу видете како изгледа целата постапка:

https://youtu.be/tvpG08mrVKA

Share
Scroll to Top