Хрватската водителка Николина Пишек летува на јадранскиот брег, заедно со ќерка си, само неколку месеци откако почина нејзиниот сопруг.
На социјалните мрежи таа сподели фотографии како ужива на сонцето, додека позира седната на карпа со поглед кон морето во црн едноделен костим за капење. Но исто така сподели фотогрфаии како се шета низ тесните улички на Корчула каде што е на одмор ова лето.
„Емотивен ретро одмор. Пријатели, семејство, нови/стари спомени. Само љубов“, напишала Николина.
Откако нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ ненадејно почина на 44-годишна возраст во Белград, Николина се обидува да се врати во нормален живот и поради тоа се соочи со бројни осуди. Сепак, најмногу поради нивната ќерка Уна, како што истакна, решила да продолжи храбро да чекори напред.