По три месеци, Раста го пуштија од притвор

По три месеци, Раста го пуштија од притвор

пред 3 години

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста го пуштија на слобоода по три и пол месеци притвор. Оваа одлука ја донесе Првиот основен суд во Белград откако пред неколку дена Раста решил да признае вина и казната од една година да ја издржи во домашен притвор..

 

Познатиот рапер беше уапсен на 3 октомври во центарот на Белград. Полицијата тогаш кај него најде неколку пакечиња наркотици, а потоа изврши и претрес во станот на Раста, каде што најдоа дополнително количество марихуана. Оттогаш раперот помина три и пол месеци во притвор.

Според српските медиуми, цело време додека тој беше притворен, неговата поранешна жена, Ана Николиќ, го поддржуваше и според договорот меѓу поранешните сопружници, на нивната ќерка Тара ѝ кажуваше дека тој е на службено патување.

Ана неодамна првпат во јавноста зборуваше за апсењето на Раста.

„Сè ме погоди, тој не е мој поранешен сопруг, тој е татко на Тара, а јас немам татко, вие ме навредувате на повеќе нивоа и не дозволувам. Тој е најпрекрасниот татко, тоа е неопислива љубов, знам колку е хендикепирано кога немаш татко, кога ќе го снема рано, затоа пишувам објави и се заканувам“, рече таа во интервјуто.

Share
Scroll to Top