По 25 години заедно, менаџерот на Бритни Спирс си даде отказ

По 25 години заедно, менаџерот на Бритни Спирс си даде отказ

пред 3 години

По 25 годишна соработка, менаџерот на поп-пејачката Бритни Спирс, Лари Рудолф, си даде отказ, пишува „Би-би-си“. Тој во писмото до нејзиниот татко, напишал дека се повлекува по нејзината изјава дека сака да се повлече од јавната сцена. Рудолф е со Бритни од нејзината 14 година.

„Верувам дека во нејзин најдобар интерес е да се повлечам од нејзинот тим. На Бритни и посакувам многу здравје и среќа и ќе бидам тука за неа ако некогаш повторно и требам“, рече Рудолф.

Тој објасни дека неговата одлука нема никаква врска со старателството и дека не знаел за голем дел од работите кои и се случувале на Бритни досега.

Неговата оставка следеше само две недели откако таа сведочеше пред судот во Лос Анџелес, барајќи да се ослободи од старателството на нејзиниот татко Џејми Спирс.

Татко ѝ управува со нејзиниот живот и финансии веќе 13 години. Таа објасни дека се чувствувала како заробеник и го обвини Џејми дека ја терал да настапува иако таа тоа не го сакала.

Share
Scroll to Top