Џејсон Александар, првиот маж на Бритни Спирс, тврди дека мајката на пејачката, Лин, го натерала да го поништи бракот. Бритни и Џејсон се венчаа во 2004 година во Лас Вегас, а бракот им траеше само 55 часа по што го поништија.
Ова го потврди и адвокатот на пејачката, Марк Голдберг. Тој за „Дејли мејл“ изјави дека парот не сакал да го поништи бракот, но на тоа го принудиле Лин и менаџерскиот тим на поп-sвездата.
„Мајката на Бритни постојано се мешаше во животот на ќерка си. Дојде во Лас Вегас, го избрка Џејсон и му даде авионски билет за дома“, изјави Голдберг за „Дејли мејл“ и вели дека Александар му се јавил за помош.
„Тој побара совет. Беше многу емотивен и вознемирен. Бритни го повика да дојде во Лас Вегас. Таа беше таму со пријателите, колку што се сеќавам, и плати за неговиот авионски билет. Идејата на Бритни беше да се омажи. Тој рече дека тие не пиеле, ниту се дрогирале“, рече адвокатот.
Според адвокатот, Александар ја сакал Бритни и не сакал да ја повреди, но се плашел од мајка ѝ и од менаџерскиот тим, па попуштил под притисокот. Овие изјави ги потврди и Александар во поткастот „Отровно: Приказната на Бритни Спиарс“.
„Тие ми рекоа дека ако потпишам поништување на бракот, ќе ни дозволат да ја продолжиме нашата врска, па ако се чувствуваме исто за шест месеци, ќе се венчаме. Немав причина да верувам во спротивното. Мислев дека тоа е вистина. Ни дозволија да комуницираме по телефон, но еден месец потоа нејзиниот број мистериозно престана да работи“, рекол Џејсон.