Претседателот на Хаити убиен во неговиот дом

Претседателот на Хаити убиен во неговиот дом

пред 3 години

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, е убиен во неговиот дом, а неговата сопруга Мартина, е пренесена во болница. Група луѓе, кои за сега се неидентификувани, влегле во неговата приватна резиденција и извршиле атентат врз Моиз, потврди премиерот, Клод Жозеф.

„Тоа што се случи е нехуман, варварски чин, полн со омраза“, рече премиерот Жозеф и додаде дека полицијата и национачната гарда ја држат ситуацијата под контрола.

Атентатот се случи во време кога се продлабочи политичката и економската криза во земјата, а истовремено се проѓирува насилството меѓу бандите и локалните кланови.

 

Share
Scroll to Top