Принцезата Дајана поради Чарлс, се посрамотила на првиот Божиќ поминат со кралското семејство

Принцезата Дајана поради Чарлс, се посрамотила на првиот Божиќ поминат со кралското семејство

пред 3 години

Принцезата Дајана поради Чарлс се посрамотила во 1982 година, кога го поминала првиот Божиќ со кралското семејство, пишува магазинот New Idea.

Имено кралското семејсто за Божиќ има малку поинаква традиција од обичните луѓе. Наместо корисни и вредни подароци, тие едни на други си подаруваат бесмислени, симболични и смешни подароци. Тоа го прават затоа што знаат дека имаат доволно пари за да си купат што ќе посакаат.

Но, Дајана не знаела за таквиот обичај, а принцот Чарлс заборавил да и го спомене тоа. Принцезата Дајана, на принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета и купила џемпер од кашмир. Но, Дајана се изненадила кога таа добила за подарок држач за тоалетна хартија.

Во тој момент кралското семејство почнало да се смее, а меѓу нив бил и Чарлс. Дајана во тие моменти се чувствувала како да сака да пропадне во земја од срам, открива извор близок до кралското семејство.

За следниот Божиќ таа ја научила лекцијата и добро се подготвила во согласност со традицијата. На принцезата Ана и купила додаток за када кој испаднал совршен погодок. Ваквата традиција до ден денес ја следат и нивните деца.

Принцот Хари како дете на кралицата Елизабета за Божиќ и подарил капа за туширање на која пишувало „Не ли е животот кучка“. На кралицата и се допаднал подарокот добро се насмеала.

Хари пред да ја запознае Меган, од Кејт Мидлтон добил сет кој се викал „како да ја забремениш девојката“. Меган на кралицата наводно и подарила за Божиќ хрчак кој знаел да пее. И принцезата Ана се покажала дека има добра смисла за хумор.

Таа на својот брат, принцот Чарлс, за Божиќ му подарила капак за тоалетот направен од кожа.

Share
Scroll to Top