Принцот Алберт ја плаќал Шарлин 12 милиони евра за да биде со него

Принцот Алберт ја плаќал Шарлин 12 милиони евра за да биде со него

пред 2 години

Во јавноста почнаа да се шират теории дека принцот Алберт ја плаќа својата 20 години помлада сопруга, принцезата Шарлин, 12 милиони евра годишно за да биде со него. Тој  плаќа за Шарлин да ги извршува своите кралски должности кои ѝ следувале по стапувањето во брак со него.

Дека Алберт ѝ плаќал на Шарлин 12 милиони евра годишно за да биде со него, објави францускиот магазин Voici. Овие шпекулации брзо се појавија по нејзиното враќање од родната Африка во Монако.

Принцезата е позната како поранешна олимписка пливачка, која долго време се лечела во Африка, а потоа и на Алпите. Сепак извор близок до нив откри дека ова не е вистина и дека Алберт не мора да ја плаќа за да остане иако имаат склучено предбрачен договор.

„Се разбира дека има великодушен предбрачен договор, но Алберт не мора да ја плаќа за да остане. Откако подолго време беше отсутна поради нејзината болест, сега Шарлин е среќна што му се врати на Алберт и децата“, рече изворот за Page Six.

Тој објасни дека секој викенд тие одат на село, а Алберт целосно ја поддржува Шарлин и ѝ помага во нејзините добротворни акции. За потсетување, Шарлин првпат се појави во јавност по долго отсуство и тоа во април на Monako E-Priksu.

Според некои медиуми, таа за малку ќе умрела во Јужна Африка, по неколкуте хируршки зафати од кои драстично изгубила голем број килограми. Инаку, болеста кулминирала во нејзиниот роден град Зимбабве во мај 2021 година, а нејзиното враќање дома беше повеќе пати одложувано, нешто што најмногу ги погоди нејзините деца.

Share
Scroll to Top