Принцот Вилијам беше во специјална посета Дебора Џејмс, водителката на Би-Би-Си, која пет години се бори со ракот на дебелото црево. Таа сподели фотографии со кралското семејство во нејзиниот дом додека ѝ ја доделува титулата Дамехуд.
На сликите, принцот Вилијам со Дебора, нејзиниот сопруг Себастиен Боуен и нивните две деца Хуго и Елоиз.
На една од сликите Џејмс гордо го држи амблемот Дамехуд.
„Принцот Вилијам дојде во нашата семејна куќа. Почестена сум што ни се придружи на попладневен чај и шампањ, а времето ни помина разговарајќи со целото мое семејство, и ме почести со титула“, напиша Џејмс.
На Џејмс и е доделена титула среде борбата со ракот на дебелото црево.
„Не знам што да кажам. Воодушевен сум и се чувствувам почестено. Не се чувствувам како да го заслужувам ова. Не можам да ви кажам што значи ова за моето семејство“, изјави Дебора Џејмс за Сан.
На Дебора пред пет години и беше дијагностициран рак на дебелото црево. Таа пред само неколку денови се откажа од лекување и остави проштално писмо. По излегувањето од болница на социјалните мрежи написа дека ја напушта болницата.
„Ова е порака која никогаш не сакав да ја напишам. Пробавме сè, но моето тело едноставно не сака да учествува во третманите. Моето активно лекување заврши и сега сум префрлена на домашно лекување, а моето неверојатно семејство е околу мене и мојот фокус е да се погрижам ништо да не боли и да поминувам што повеќе време со нив“, напиша водителката.