Принцот Ендру ги негира сите обвинувања и бара да му се суди пред порота

Принцот Ендру ги негира сите обвинувања и бара да му се суди пред порота

пред 3 години

Синот на кралицата Елизабета, принцот Ендру ги негира сите обвинувања кон него за сексуално злоставување на малолетни девојки и бара да му се суди пред порота, пренесуваат британските медиуми. Тој демантира дека имал секс со Вирџинија Џуфре кога таа имала 17 години.

Адвокатите на војводата од Јорк, кој е деветти во редот за наследство на британскиот трон, потврдија дека тој сака да му се суди пред порота. Овој случај веќе со месеци е во центарот на британската јавност и најверојатно ќе заврши со граѓанска парница.

Се очекуваше принцот да се обиде да постигне повеќемилионско вонсудко спогодување со жртвата, но, судејќи според тоа како се одвива ситуацијата, тоа нема да се случи.

Тој негира и дека бил близок пријател со Гилејн Максвел, која е прогласена за виновна дека му подведувала малолетни девојки на покојниот милијардер и педофил, Џефри Епстајн.

Вирџинија тврди дека принцот Ендру сексуално ја злоставувал во повеќе наврати кога таа имала 17 години во домот на Максвел и Епстајн.

За потсетување, Максвел неодамна беше прогласена за виновна за подведување на малолетници на судењето во Њујорк и сега го чека изрекувањето на казната. Епстајн почина под сомнителни околности на 19 август 2019 година во ќелијата во затворот во Менхетен.

Тој се дружел со голем број влијателни политичари, меѓу кои и поранешните претседатели на САД, Бил Клинтон и Доналд Трамп, но и принцот Ендру, како и бројни познати личности.

Адвокатите на Ендру во документите на 11 страни, пред судот изнеле повеќе од 40 причини зошто судот треба да го отфрли обвинението против нивниот клиент. Во документите Ендру признава дека го запознал Епстајн во 1999 година, но, негира дека учествувал во било какво злоставување.

„Под претпоставка, не дека нашиот клиент признава, ако Вирџинија претрпела било каква повреда или штета наведена во нејзината жалба, нејзините тврдења треба да се забранети со доктрината на согласност“, стои меѓу останатото во документацијата на адвокатите на Ендру.

Тие се осврнале и на спорната фотографија на која се гледа како Ендру ја прегнал Вирџинија, а во позадина е Максвел. Вирџинија тврди дека фотографијата е направена во стан во Лондон, каде била злотавувана.

„Немаме доволно информации за да признаеме или демантираме дека таква фотографија постои“, тврдат адвокатите на Ендру.

Извор близок до Бакингемската палата рече дека кралицата Елизабета не била задоволна од најновиот разовј на ситуацијата и дека постапката на правниот тим на Ендру е во спротивност со нејзините очекувања. За потсетување, кралицата овој меец без милост го присили Ендру да се откаже од својата кралска титула и да е соочи со обвинувањата како обичен граѓанин.

 

 

 

Share
Scroll to Top