Принцот Хари го повредил Чарлс кога му ја кажал дека е во врска со Меган, тврдат кралски аналитичари

Принцот Хари го повредил Чарлс кога му ја кажал дека е во врска со Меган, тврдат кралски аналитичари

пред 2 години

Кога Хари и Меган во 2016 година јавно открија дека се во врска, најмногу го погодија татко му тогаш, принцот Чарлс Хари на татко му му кажал за Меган само 20 минути пред да ја сподели веста во јавност, пренесоа кралските аналитичари Омид Скоби и Каролин Дуранд.

Тоа многу го погоди Чарлс, особено затоа што тогаш се подготвувал за средба со кралот на Бахрамите, со кого планирал тура по Персискиот залив. Турата требало да ја следат медиумите, но кога излезе веста за Хари и Меган, патувањето на Чарсл падна во втор план.

„Тимот во Кларен Хаус, кој со месеци ја планирал турнејата на Чарлс, со надеж дека ќе биде се покриено, беше скршен“, напишаа Скоби и Дуранд.

Хари наводно му се јавил на Чарлс да му каже за новата девојка, само 20 минути пред да им открие на сите. Авторите навеле дека Хари бил премногу чувствителен по прашањето за Меган и не трпел никакви негативни гри коментари од кралското семејство.

Односите на Меган и Хари со кралското семејство никогаш не биле бајковити, а двојката во 2020 година одлучи да се откаже од кралските должности и да се пресели во Лос Анџелес. Таму се со нивните две деца принцот Арчи и принцезата Лилибет.

Јавноста веќе со месеци е во дилема дали Хари ќе дојде на утрешното крунисување на кралот Чарлс. На крајот беше објавено дека ќе присуствува но без сопругата и децата. Нема долго да се задржи, затоа што сака да се врати дома и да го прослави четвртиот роденден на синот, пренесоа светските медиуми.

Share
Scroll to Top