Британските медиуми денес ја пренесоа изјавата на експерт од кралското семејство, новинар и автор Нил Шон, кој во својот најнов подкаст рече дека принцот Хари сака да се вклучи во конфилтот меѓу Рисија и Украина и да му помогне на Зеленски и украинскиот народ, пренесе британски Sun.
„Според моите извори, кои се одлично информирани за ситуацијата со Хари, тој е подготвен и сака да ѝ помогне на Украина. Било да е тоа со посета на Киев или совети од безбедносна далечина“, рече Шон.
Тој објасни дека Хари по посетата на Британија, видел како другите ги превземале неговите должности и е подготвен своите способности да ги искористи и на други полиња.
Оваа вест предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Едни ја фалат племенитоста на поранешниот принц, додека други го советуваат да не се меша во она што не го разбира, трети пак тврдат дека сака само внимание.