Британскиот крал Чарлс на 14 ноември ќе го прослави својот 75. роденден.
Според „Дејли мејл“, тој планира да организира забава за своите најблиски пријатели и семејството во резиденцијата Кларенс хаус.
Иако беше објавено дека кралот не планирал да ги покани синот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, тие, всушност, биле поканети.
„Постои чувство на заладување во семејството по повратните шокови од книгата и интервјуто на Хари. Но, тоа не ја менува љубовта на кралот кон својот син. Секогаш ќе го кани на семејните собири бидејќи е таков“, рекол извор близок до кралското семејство.
Според споменатиот медиум, факт е дека Хари ја одбил поканата и не сака да дојде на забавата на својот татко.
И додека овој извор вели дека Хари „нема да патува од Калифорнија за да присуствува на роденденот на својот татко“, друг извор тврди дека засега семејството „цврсто му ја затворило вратата поради документарниот филм и книгата што ја напишал“.
Заладувањето на односите меѓу принцот Хари и неговото семејство настана кога тој пред три години реши да се пресели во САД со сопругата Меган Маркл и синот Арчи. По тоа, тој и Меган ѝ дадоа интервју на Опра Винфри, во кое не штедеа зборови за кралското семејство, потоа снимија документарен филм, а последната капка беа мемоарите на Хари, „Резерва“.
Текстот Принцот Хари одбил да дојде на роденденот кај татка си е превземен од МАКФАКС.