Хари рече дека е среќен од успехот од продажата на книгата и реакциите, рече извор за Page Six. Не жали за ништо што напишал и горд е што мемоарите одлично се продаваат.
Минатата недела папараците го снимија на забава кај Елен Деџенерис и Порти де Роси кои ги обновија заветите. Друштво му правеше Меган која рече дека е горда на книгата „Резерва“, која досега е продадена во повеќе од 3,2 милиони примероци.
„Му олесна што конечно ја раскажа неговата приказна и ја сподели со светот“, рече извор близок до него.
И двајцата беа расположени на забавата, но одбија да коментираат дали ќе се појават на крунисувањето на кралот Чарлс Трети на 6 мај. Изворот рече дека досега немаат добиено покана.