Принцот Чарлс намерно ја изоставил Меган Маркл од објавите на социјалните мрежи во кои му го честита роденденот на малиот Арчи, тврди експертот Данлан Ларкомб.
Мајката Меган Маркл ја нема фотографијата која ја споделија профилите на принцот Чарлс на Инстаграм и Твитер додека му го честиташе вториот роденден на внукот.
Happy birthday to Archie, who turns two today. ?
? Chris Allerton pic.twitter.com/HwvTBzphJu
— The Prince of Wales and The Duchess of Cornwall (@ClarenceHouse) May 6, 2021
Експертот тврди дека пораката на принцот Чарлс за роденденот на Арчи може да била намерен „удар“ за Меган Маркл.
„Јас го гледам тоа како намерен знак на принцот Чарлс“, изјавил Ларкомб за „Мирор“.
Тој исто така објаснил дека е убеден дека принцот Чарлс има доволно обзир за да знае колку е чувствителна ситуацијата со неговиот помлад син и неговата сопруга.
„Би бил многу изненаден ако принцот Чарлс не знае точно што прави“, додал тој.