„Прифаќањето на своите мани е патот да се засакате себе си“, Ријана откри за сите свои недостатоци

„Прифаќањето на своите мани е патот да се засакате себе си“, Ријана откри за сите свои недостатоци

пред 3 години

Популарната пејачка Ријана се отвори во јавноста и прозборе за своите недостатоци и маани кои смета дека ги има кај себе.Откри дека сака да јаде брза храна, но вели дека внимава на линијата. Обожава да јаде и тестенини со сирење, пити и да пие многу рум.

„Нема да си дозволам да си скратам од некои од уживањата кои можам да си ги дозволам. Ако сакам да изедам чизбургер ќе изедам, но и ќе вежбам по четири пати неделно. Важно е да се чувствувам здраво“, изјавила 32 годишната пејачката за магазинот Closer.

Ријана вели дека прифаќањето на своите мани е патот да се засакате себе си.

„Да се чувствувате во својата кожа удобно, е еден вид патување. Сите мораме да научиме да се сакаме себе си. Ако навистина размислуваме за тоа, сигурна сум дека можеме да ги пронајдеме недостатоците во нашето тело, а кога навистина ќе се научиме да се сакаме, на крајот ќе ги прифатиме и нашите мани“, изјавила Ријана.

Таа вели дека периодов ги подготвува своите омилени рецепти од родниот Барбадос, каде со семејството ќе го помине Божиќ. Таа вели дека има за цел нејзината музика и бренд, во наредната година да ги подигне на уште едно повисоко ниво.

 

 

 

Share
Scroll to Top