„Пријателка на сопругот ми го фалсификуваше потписот“ - Тања Савиќ во шоуто на Амиџиќ откри како и биле одземни синовите

„Пријателка на сопругот ми го фалсификуваше потписот“ – Тања Савиќ во шоуто на Амиџиќ откри како и биле одземни синовите

пред 4 години

Пејачката Тања во шоуто на Огњен Амиџиќ, „Амиџи шоу“, откри на кој начин и биле земени синовите и однесени во Австралија. Таа низ солзи раскажа дека сопругот ја измамил и дека нивна пријателка и го фалсификувала потписот, за да може тој да ги однесе во Австралија.

Пејачката објасни дека ги нема видено повеќе од една година.

„Ги немам видено речиси година дена. Јас имам судење сега и се надевам дека ќе заврши во моја корист. Силна сум. Ова е само моментално, мислам дека се хормони. Емотивна сум деновиве, но океј сум. Децата ги носам во душата и тие постојано се со мене“, раскажа Тања.

Таа објасни дека едно време немала никаков контакт со нив, но дека сега конечно успеала преку судски пат да добие право на повик.

„Супер реагираат кога ќе ме чујат. Имаше моменти кога помалиот син не сакаше да зборува со мене, но, сега зборуваме. Постариот постојано ме бара. Тие имаат судски налог да ме побараат во 9 часот. Не можев да се слушам претходно со нив толку често, но сега судот даде налог и децата мораат да ми се јават“, изјавила Тања и додала дека ќе направи сè за да се избори за правда.

Таа објасни и како нејзиниот сопруг успеал да ја измами и да и ги однесе децата во Австралија.

„Побегна. Јас никогаш не би ги пуштила. Моите два сина се најголемото богатство за мене. Тој тоа мене ми го направи зад грб, веројатно поради некој страв од короната. Тој само гледа како да биде по негово, а не гледа за другите. Очигледно гледаше само себе си да се заштити и побегна брзо. Имаше девока која беше наша домашна пријателка, која во мое име ги потпиша документите, затоа што имавме сличен ракопис. Одма го препознав“, откри Тања.

 

Share
Scroll to Top